Гвардиола ја подолжи соработката со Сити

Главниот тренер на англискиот фудбалски прволигаш Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе го води клубото до јуни 2023 година, објавија „Граѓаните“ на својата интернет страница.

Со тоа Гварадриола го продолжил договорот за уште две години.

„Новиот договор со Пеп е природен чекор во патувањето кој нашиот клуб го прави со него последните години. Тој е плод на разбирње и почитување“, изјави претедателот на Манчестер Сити, Калдун Мубарак.

„Граѓаните“ му дадоа време на специјалистот за да може да размисли за оваа одлука со своето семејство. На крајот, 49-годишниот Шпанец се согласи да потпише договор.

Сегашниот договор на Гвардиола е со важност до 2021 година.

Гвардиола ја минува својата петта сезона во Манчестер сити. Под негово водство екипата двапати стана шампион на Англија, еднаш го освои Купот на земјата и три пати – Лига купот.