Гвардиола го поддржа Клоп во вербалната војна против ФА

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го поддржа својот колега Јирген Клоп во вербалната битка која ја води со Фудбалската асоцијација на Англија во последните неколку дена. Клоп е нашироко критикуван затоа што размислувал да го испрати вториот тим на Ливерпул на реваншот со Шресбери.

– Ние ја прифаќаме програмата на сите турнири. Се согласуваме да играме на секои два или три дена, но не може вие да му кажувате на менаџерот каков состав да избере. Нашите екипи ќе бидат таму, но не кажувајте кои играчи треба да играат на натпреварите, прокоментира Гвардиола.

Клоп по ремито 2: 2 со Шресбери во неделата изјави дека тренерот на тимот до 23 години, Нил Крикли ќе го предводи младиот состав во реваншот, кој моментно е закажан за 4 февруари, но може да се смени поради телевизиските права.