Гвардиола: На „Сити“ му треба уште еден дефанзивен везист

Менаџерот на „Манчестер Сити“, Пеп Гвардиола беше задоволен од освојувањето на Супекупот со победата над „Челзи“ од 2:0, а по натпреварот на „Вембли” Шпанецот го пофали двојниот стрелец, Серхио Агуеро и Бернард Силва, играчот од средниот ред.

Бевме импресионирани кога Агуеро се приклучи на тимот. Можеби ќе биде потребно уште малку време за Серхи да ја оствари вистинската физичка кондиција, но беше полн со острина, многу е добар. Се сеќавам на крајот од минатата сезона и неговата операција на коленото. Најдобриот лекар во светот, Рамон Кугат направи перфектна операција, па Агуеро сега не е под притисок. Ова е добра вест за сезоната пред нас. Тој постигна два гола, создаде шанса, можеше да стигне до четири или пет гола. Со него и со Габриел Џезус имаме добри решенија во нападот. Бернардо Силва одлично играше денес. Тој исто така може да игра како десен бек и лажен деветка. Тој е интелигентен, паметен, борец и натпреварувач. Мислам дека тој е омилен играч во тимот и ми покажа многу многу денес, рече Гвардиола по натпреварот.

Шпанецот, исто така, зборуваше за важноста на Суперкупот, познат како „Комјунити шилд“, натпревар кои многумина го потценуваат.

Овој трофеј е помалку важен, секој сака да ја освои Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на Шампионите. Но, за да го освои треба да бидете шампион или да победите во ФА Купот, така што не е лесно да освои трофејот, додаде Гвардиола.

Пеп потврди дека до крајот на преодниот рок „Сити“ ќе се обиде да донесе дефанзивен играч од средниот ред.

Се обидуваме да направиме. Ние би сакале да донесеме уште еден играч, бидејќи ни недостигаат двајца играчи кои би можеле да го менуваат Фернандини, заклучи Гвардиола.