Сепак Гвардиола, кој подеднакво успешен беше и во Барселона, доби новинарско прашање дали еден ден би се вратил токму во каталонскиот гигант, доколку му се укаже шанса, на кое Пеп помалку изненадувачки, одговори негативно.
“Кратко и јасно, одговорот е НЕ. Немам намера да се вратам во Барса, тоа е завршена приказна за мене, клуб во кој минав еден многу успешен циклус и повеќе немам намера да се враќам назад. Кога ќе си заминам од Баерн ќе ги разгледувам сите останати опции, но уште сега можам да кажам дека никогаш повеќе нема да бидам тренер на Барселона. Еден ден ќе се вратам во Барселона, но за да живеам во овој град со своето семејство, не за да работам во клубот” – истакна Гвардиола.