Гвардиола откри зошто си заминал од „Ноу Камп“

Трофејниот шпански стручњак, Пеп Гвардиола, откри неколку причини поради кои ставил крај на авантурата на “Ноу Камп”.

“Имаше неколку тажни моменти додека бев тренер на каталонскиот гигант Барселона. Во 2012 година, бевме елиминирани од Челзи во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони. Мислам дека ова е најтажниот момент од мојот престој на “Ноу Камп”. Бевме многу подобри од противникот, но примивме еден глуп погодок на реванш дуелот на “Ноу Камп”. Само што се освестивме, свативме дека сме елиминирани од Лигата на шампиони. Болен пораз за мене, болен за целиот тим на Барселона. Добив впечаток дека не можам повеќе да ги мотивирам моите фудбалери. Си заминав од “Ноу Камп” откако сватив дека не можам повеќе да ги мотивирам моите фудбалери. Ако не си во состојба да го мотивираш првиот тим, тогаш си повторно на истото место од каде си почнал”, изјави актуелниот тренер на германскиот бундеслигаш Баерн (М).