Гвардиола предупредува дека ништо не е решено по победата во Мадрид

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по триумфот (2:1) над Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите истакна дека борбата за пласман во следната фаза сè уште не е завршена.

„Начинот на кој игравме е многу важен. Се обидовме да победиме. И ние се снајдевме на овој стадион и покрај водството на Реал. Но, ова е само првиот дел. Тимот покажа дека е во состојба да се извлече од оваа ситуација благодарение на своето искуство. Се разбира, ова е добар резултат пред реваншот, изјави Гвардиола.

Им забележа на своите избраници за начинот на кој го примија голот.

„Не смееме да примаме такви голови. Во нападот бевме добри. Создававме шанси во текот на целиот натпревар, но Куртоа бранеше многу добро. Победата на „Сантијаго Бернабеу“ е големо задоволство. Не сме навикнати на вакви резултати, но ова укажува на тоа дека можеме било каде да победиме“, нагласи шпанскиот тренер.

Реваншот во Манчестер е закажан за 17 март.