Гвардиола сака Дедо Мраз да му го подари Давид Луиз

Пред некој ден тие на каталонскиот гигант Барселона, а сега и раководните лица на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), потврдија дека и понатаму не се откажуваат од намерата да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на Челзи, Давид Луиз.

Уште во времето кога беше тренер на Барса, Пеп Гвардиола се обиде да оствари соработка со 26-годишниот централен дефанзивец, но сите понуди на каталонскиот гигант експресно беа одбиени од сопственикот на лондонските „сини”, Роман Абрамович.

Трофејниот шпански стручњак сега е убеден дека големиот сон, да ги има на располагање услугите на репрезентативецот на Бразил може да стане реалност со официјална понуда не помала од 30 милиони евра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.