Гвардиола се надева дека Халанд ќе остане во форма и по Светското првенство

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола се надева дека напаѓачот Ерлинг Халанд, чија репрезентација не обезбеди учество на Светското првенство во 2022 година во Катар, ќе ја задржи формата во која се наоѓа сега.

– Тој дефинитивно ќе биде во Марбела (Шпанија) или во Норвешка. Од тоа како ќе се однесува за време на репрезентативната пауза ќе зависи колку добро ќе се претстави во вториот дел од сезоната. Прилично сум сигурен дека тој би сакал да биде на Светското првенство. Можеби ќе биде на следниот Мундијал или на Евро. Халан има куќа во Марбела каде што ќе оди и ќе игра голф. Се надевам дека нема да пие и јаде многу и ќе се врати во добра форма, изјави Гвардиола за „talkSPORT“.

Дваесет и двегодишниот Норвежанец има 17 постигнати голови на 11 натпревари од Премиер лигата.