Гвардиола: Се спие подобро кога си на врвот

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не го крие задоволството од фактот што „граѓаните“ се вратија на врвот во Премиер лигата. Синоќа Манчестер Сити го победи со 2: 0 Евертон, а успехот го израмни на врвот со Ливерпул.

Сити сепак излезе на чело поради подобрата гол разлика од онаа на „црвените”, кои имаат натпревар помалку и тоа против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд”.

Се е во ред. Кога си на прво место спиеш многу подобро. Сепак, Ливерпул има уште еден меч на Олд Трафорд. Не мислам многу за тоа, ако морам да бидам искрен. Имаме интересен тест во недела, натпревар за Купот, а и Лигата на шампионите започнува повторно, изјави Шпанецот.

Не мислам многу за тоа дали сме на првата или втората позиција. Пред еден месец можевме да заостануваме со десет поени. Пред четири или пет дена можевме да заостануваме со седум, а сега сме лидери. Ова е лекција дека не треба да се предадеме. Многу работи можат да се случат до крај, додаде Гвардиола.