Гвардиола: Сега дајте ми признание што освоив пет титули во Премиер лигата

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола зборуваше за неговото постигнување во англискиот клуб.

– Целиот свет велеше дека не можеме да го направиме тоа, дека не сме доволно добри. Можеби ме сметаа за недоволно способен. Мислев дека правиме големи работи. Јас сум добар, но не доволно добар за да ја освојам Лигата на шампионите секоја сезона, а камоли тројната круна. Ми се допаѓа Лигата на шампионите затоа што пишува историја. Но, сега дајте ми заслуги што освоив пет титули во Премиер лигата за шест години, рече Гвардиола на прес-конференцијата по синоќешното финале во ЛШ

Манчестер Сити за прв пат ја освои Лигата на шампионите. Тимот направи и тројна круна – Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.

Гвардиола по бројот на победи во Лигата на шампионите се израмни со Зинедин Зидан (3). Повеќе од тренерите има само Карло Анчелоти (4).