Гвардиола со повеќе порази од Мурињо во првите сто натпревари во Премиер лигата

Поразот на Манчестер Сити од Њукасл (1: 2) беше стотиот натпревар во Премиер лигата за стратегот Пеп Гвардиола.

На Пеп му требаше победата за да ја подобри статистиката на Жозе Мурињо во неговите први 100 натпревари во Премиер лигата.

Сега тие имаат по 73 победи во еден најсилните шампионати во светот.

Повеќе порази сепак има Гвардиола – 12, додека пак Мурињо има само 9 од 100 натпревари.