Гвардиола упати честитки за титулата на Ливерпул: Заслужено! Имаа неверојатна сезона!

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола му ја честиташе титулата на Ливерпул, после поразот на неговиот тим од Челси во Лондон, по што на седум кола до крајот „црвените“ имаа недостижни 23 бода пред доскорешниот шампион на Англија.

Гвардиола спортски му честиташе на Јирген Клоп, посочувајќи дека титулата на Ливерпул е максимално заслужена, поради неверојатната сезона на „црвените“.

„Апсолутно заслужено! Имаа неверојатна сезона. Пред две години имавме 100 бода и 25 бода повеќе од нив, лани не издржаа за еден бод, ама оваа успеаа. Јас им честитам од срце. На нас е да извлечеме поуки од оваа сезона и да се подобриме за следната“, рече Пеп.