Гвардиола задоволен од ремито на Олд Трафорд

83

Иако неговиот тим имаше целосна доминација во поголемиот дел од натпреварот, но на крајот одигра само 1:1 на „Олд Трафорд”, предводникот на Баерн (М), Пеп Гвардиола по натпреварот против Манчестер Јунајтед изјави дека е задоволен и од играта на неговите фудбалери и од конечниот резултат.

„Можам да кажам дека сум задоволен од конечниот резултат. Игравме против еден од најдобрите клубови во целиот свет. Многу е важно што постигнавме погодок на гостински терен, но и имавме многу среќа при големите шанси на Велбек и Руни. Не е лесно да се игра против тим кој се брани длабоко во својата половина. Мора да најдеме решение за таквиот стил на игра. Станува збор за многу незгоден резултат. Нема многу голема разлика помеѓу 1:1 или 2:1. Сите опции се во игра. Ќе дадеме се од себе на реванш дуелот во Минхен и убеден сум дека со победа ќе оствариме пласман во следната рунда. Исто така, имаме потреба од голема подршка, имаме потреба од нашите најверни фанови”, изјави шпанскиот стручњак.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.