Гвардиола застана во заштита на колегата Клоп

217

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола застана во одбрано на својот колега Јирген Клоп, по искажаната радост на Германецот, во дербите на Ливерпул со Евертон. Според Шпанецот, радоста на Клоп е целосно оправдана и не треба да биде критикуван.

„Имаше премногу емоции во тој момент, јас го направив истото против Саутемптон (минатата сезона), не бев среќен со тоа што го сторив, но понекогаш тоа се случува, работите водат од ум и срце. Кога победувате, луѓето велат дека радоста е дел од твојот карактер. Но, кога губите, истата постапка не ја почитуваат”, додаде менаџерот на Манчестер Сити.

Дивок Ориги постигна гол во 6-тата минута од дополнителното време, а Клоп не ги воздржа емоциите и се стрча кон центарот на теренот, каде го прегрна голманот Алисон Бекер, по што повторно се врати во техничката зона. За потегот тој беше казнет со парична казна од 8.000 фунти и предупредување ваков настан да не му се повтори, со што случајот беше затворен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.