12.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Гвинет Палтроу во паника од коронавирусот : Сум била во тој филм

Гвинет Палтроу призна дека не е рамнодушна на коронавирусот, па затоа не ја тргна маската за лице за време на летот кон Париз.

“На пат кон Париз. Параноична? Прудентна? Паника? Мирна? Пандемија? Пропаганда? Палтроу сепак ќе спие со ова во авионот. Сум бил во филм како овој некогаш. Бидете претпазливи. Немојте да се ракувате. Мијте ги често рацете “, напиша актерката покрај со селфито на кое позира со маска.

https://www.instagram.com/p/B9BxGPqFfpw/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Во 2011 година, Гвинет глумеше вофилмот ,,Зараза” (Contagion)  . Филмот го следи ширењето на смртоносен вирус што убива луѓе за само неколку дена. Гвинет ја глуми Бет Емхоф, која умира од непознат вирус откако се вратила од службено патување во Хонг Конг. Нејзиниот син умира истиот ден, а смртоносниот вирус почнува да се шири со голема брзина.