Хјустон ја прекина победничката серија на Бостон

Хјустон Рокетс ноќта кон средата успеаја да ја прекинат победничката низа од седум натпревари на Бостон Селтикс совладувајќи го дома со 116:105.

Џејмс Харден и Расел Вестбрук заедно постигнаа 78 коша, Харден уфрли 42 со 8 скокови и 7 асисетнции, додека Вестбрук додаде 26 со 10 скокови и 5 асистенции. Харден само во вторното полувреме постигна 31 кош. Гордон Хејвард беше најдобар Бостон со 20 поени и 6 асистенции.

Њу Орлеанс Пеликанс со 138:117 славеа дома против Портланд Трејл Блејзерс, а рукито Зион Вилијамсон постигна 31 кош за победата на домашните. Демиен Лилар и СиЏеј Меккалум постина по 20 поени за Портланд.

Вашингтон Визардс со 126:114 ги надиграа гостинските Чикаго Булс, а Бредли Бил постигна 30 коша за победниците. Руи Хачимура додаде 20 поени за Вашингтон за кои ова е четврта победа во последните шест натпревари. Најдобар стрелец на мечот беше Зак Лавин со 41 кош.

Сан Антонио Спарс со 114:106 беа подобри на гости од Оклахома Сити Тандерс, а за тоа најзаслужни беа Ламаркус Олдриџ и Дејунте Мареј кои постигнаа по 25 коша.

ЛА Клиперс беа поразен во Филаделфија каде што беа поодбри со 110:103 домашните 76ерс. Сиксерс до својота трета победа со ред ги предводеше Бен Сименс со 26 коша, 12 скокови и 10 асистенции што му е шести „трипл-дабл“ оваа сезона. Џел Ембид додаде 26 коша и 9 скока. Кај Клиперс е најдобар беше Каваи Леонард кој мечот го заврши со 30 коша и 9 асистенции.

 

РЕЗУЛТАТИ

Филаделфија 76ерс – ЛА Клиперс 110:103
Вашингтон Визардс – Чикаго Булс 126:114
Њу Орлеанс Пеликанс – Плејпланд Трејлер блејзери 138:117
Оклахома Сити Тандерс – Сан Антонио Спарс со 106:114
Хјустон Рокитс – Бостон Селтикс 116:105.

 

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

 

1. Милвоки 86.8 53 46 7
2. Торонто 74.1 54 40 14
3. Бостон 69,8 53 37 16
4. Мајами 66.0 53 35 18
5. Филаделфија 61.8 55 34 21
6. Индијана 57.4 54 31 23
7. Бруклин 46,2 52 24 28
8. Орландо 42.6 54 23 31
9. Вашингтон 36.5 52 19 33
10. Чикаго 34,5 55 19 36
11. Детроит 33.9 56 19 37
12. Шарлот 32.1 53 17 36
13. Њујорк 31.5 54 17 37
14. Атланта 27.3 55 15 40
15. Кливленд 24.5 53 13 40

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. ЛА Лејкерс 76.9 52 40 12
2. Денвер 70.4 54 38 16
3. ЛА Клиперс 68.5 54 37 17
4. Јута 66.0 53 35 18
5. Хјустон 63,0 54 34 20
6. Далас 59.3 54 32 22
7. Оклахома Сити 59.3 54 32 22
8. Мемфис 50.9 53 27 26
9. Портланд 45.5 55 25 30
10. Сан Антонио 42.6 54 23 31
11. Њу Орлеанс 42.6 54 23 31
12. Сакраменто 39.6 53 21 32
13. Феникс 38.9 54 21 33
14. Минесота 30.8 52 16 36
15. Голден Стејт 22.2 54 12 42

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.