Хаџи Мишев: Фирмата ТЕ-ТО обвинета за лажен стечај од власта добива незаконски субвенции, одговорноста е кај извршната власт и премиерот

Во дневникот на Алфа телевизија гостуваше Димитар Хаџи Мишев, директор на топлификација во стечајm при што посочи дека незаконски е фирма како ТЕ-ТО да добие субвенција, а учествува на организирани пазари на електрична енергија.

„Во овој момент е најактуелна државната помош доделена на ТЕ-ТО во текот на октомври месец 2019 година. Таа државна помош е навистина чудна бидејќи се доделува на фирма која е пазарно ориентирана значи на фирма која учествува на пазарот на електрична енергија, учествува на пазарот за топлинска енергија. Со тоа што електрична енергија продава и во државата и надвор од државата“, појасни Хаџи Мишев.

Хаџи Мишев додаде дека невообичаено е, дури и не се практикува и е забрането на фирми кои учествуваат на организирани пазари на електрична енергија државата да им дава субвенции. Така да од тој аспект апсолутно е нејасно како и зошто Комисијата за заштита на конкуренција одобрила таква помош.

„Таа е првата институција која треба тоа да го одобри“, нагласи Хаџи Мишев.

Хаџи Мишев посочи дека државната помош се дава три месеци или 4 максимум од моментот кога Управата за финансиска полиција подигнува огромна кривична пријава против ТЕ-ТО, во која за лажниот стечај и се обвинуваат одговорните лица и самата фирма, во самото обвинување опфатен е и стечајниот судија.

-И се оштетени фирми регистрирани во Република Македонија со износ над 40 милиони евра. А, од тој список е и „Топлификација“ со над 33 милиони евра. Значи вие да доделите државна помош на фирма која три месеци пред тоа е обвинета со кривични пријави од институција за таа цел Управа за финансиска полиција е навистина многу повеќе од чудно, истакна Хаџи Мишев.

Димитар Хаџи Мишев, директор на Топлификација во стечај зборувајќи дека незаконски е фирма како ТЕ-ТО да добие субвенција, а учествува на организирани пазари на електрична енергија, вели дека таквата незаконска одлука почнува од премиерот и извршната власт, па сѐ до Комисијата за заштита на конкуренција.

„Согласно позициите кои ги имаат во извршната власт, одредени функционери при доделувањето на таа помош може да бидат одговорни, прв кој од кого почнува доделувањето на таа помош е комисијата за заштита на конкуренција. Таму била сериозна дебата, но финално комисијата најверојатно донела позитивна одлука бидејќи и владата има таква одлука. Следната институција која е во функција на собирање на даночните приходи и управата за финансиска полиција, над таа функција е министерката за финансии а над таа функција е премиерот. Тие се тие кои можат да учествуваат, мислам дека како потписник е премиерот„, потенцира Хаџи Мишев.

Хаџи Мишев вели дека тој случај е пријавен и во Антикорупциска комисија, но и во МВР каде што е доставена целата документација и според неговите информации се работи и се очекува и двете институции да излезат со првични детали.

„Ние тој случај уште пред месец ипол дена го пријавивме во Државната комисија за спречување на корупција, таму истрагата се води темелно, сите документи се прибрани и очекувам од таму да се интервенира. Веднаш после тоа целата документација уште во почетокот на декември ја доставивме и до организиран криминал во МВР, имам информации дека и таму работат, бидејќи навистина по ниеден основ не можно да се даде таква помош ниту има цел. Очекуваме од тие две институции да излезат со ставови, истакна Хаџи Мишев.