Хајредини: Груби е недопирлив зашто ги има бомбите за ДУИ, сето е ова сценарио на Ахмети

Бомбите на Заев најголемото богатство за Артан Груби, вели за Алфа поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини.

-Зоран Заев му ги даде бомбите за ДУИ на Артан Груби, ми кажале надлежни луѓе од СДСМ уште тогаш. Така стана силен, затоа што ги има бомбите за сите кадри на ДУИ и за Али Ахмети. Али Ахмети бил уценет и за време на пржинските преговори, кога забранија да се објават илјадитите кривични дела на ДУИ, изјави Хајредини.

Според Хајредини сите овие случувања во ДУИ се сценарио на вечниот лидер на партијата, Али Ахмети, со цел да се претстави дека таму владеела некаква внатрепартиска демократија. Тој смета дека главната цел на ДУИ во моментов е спас од евентуален кривичен прогон на највисоките партиски функционери.

-Тоа е сценарио на Али Ахмети, да остава впечаток дека еве таму се дозволува да мислат некои или да делуваат поинаку. Инаку, главна е цел е на крајот сите да се спасат од криминалот и корупцијата, изјави Хајредини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.