Хабиб повика Конор да биде затворен

Шампионот во лесна категорија во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ја продолжи својата војна со Конор Мекгрегор.

Овој пат, Русинот експлодираше откако излегоа снимки на Интернет како Ирецот тепа постар човек во бар.

– Луѓето како него треба да бидат во затвор. Овој човек нема принципи и нема почит. Ова е лош пример за спортот. Некои од неговите постапки се корисни за ММА, но не и овие. Тој е луд. Неговата постапка е луда. Владата треба да се справи со тоа. Ова е мое мислење. Јас сум многу лут откако го видов видеото. Не разбирам како може да го тепа овој човек. Денес напаѓа човек во години, а утре што ќе стори, вели Русинот.

Како што е познато, се појавија снимки во текот на вчерашниот ден во кои Конор удира посетител на бар, кој што не сакал да пие виски од неговиот бренд.

Ова не е прв пат Ирецот да го прекрши законот. Претходно, Мекгрегор нападна автобус со учесници на турнирот УФЦ 223, вклучувајќи го и самиот Нурмагомедов.

Оттогаш, двајцата се во постојана вербална војна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.