Хаџиевски нов спортски директор на ФК Вардар

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Ѓоко Хаџиевски, за познатиот спортски сајт „Екипа” потврди дека во наредниот период ќе ја извршува функцијата спортски директор на ФК Вардар.

„Се договоривме за заедничка соработка во наредниот период. Имав пријатен состанок со сопственикот Сергеј Самсоненко, на кој се договоривме да ја добијам функцијата спортски директор на ФК Вардар. Добив една пријатна слика за новиот сопственик, дека е решен да направи европски клуб, а јас треба да го пренесам своето искуство и да го спроведам во нашиот најтрофеен клуб, што ми е посебно драго“, изјави за ЕКИПА, Ѓоко Хаџиевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.