„Дневник“: На Хаџиски можно е повторно да му се суди

На Миле Хаџиски кој во петокот беше екстрадиран од Франција во Македонија можно е повторно да му се суди за убиството на Мери Јошевска од 1993-тата година.

Весникот „Дневник“ пишува дека новото судење можеби ќе ги расветли причините зошто Миле Хаџиски (42) брутално ја убил Мери Јошевска (21) во 1993 година и дали евентуално некој друг учествувал во убиството.

Хаџиски во петокот беше екстрадиран од Франција каде што пред повеќе од две години беше уапсен како припадник на бандата крадци на накит, која дејствува под псевдонимот „Пинк Пантер“.

Тој веднаш по долетувањето на авионот од Париз беше спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна од 20 години.

Ако Хаџиски побара да му биде судено, можно е пак да му се суди, но не би можел да добие повеќе од 15 години затвор.
Ако Хаџиски побара да му биде судено, можно е пак да му се суди, но не би можел да добие повеќе од 15 години затвор.

Весникот „Дневник“ претходно комуницирал со двајцата адвокати што го бранеле Хаџиски во Франција, но не успеал да дознае дали тие комуницирале со некој нивни колега во Македонија во врска со евентуално ново судење за убиството.

Адвокатката Селин Алкалд од адвокатската канцеларија „Делран“ од Монпелје го застапуваше Хаџиски пред судот во Ним, кој одобри нашинецот да биде испорачан во земјава. Таа бареше Хаџиски да биде екстрадиран во Швајцарија каде што го бараа за бегство од затвор и за грабеж, тврдејќи дека со пресудите донесени против нејзиниот клиент во Македонија му биле прекршени човековите права. Според неа, кога судот одлучувал за барањето на Швајцарија за екстрадиција, советот решил да не ги прифати нивните гаранции за ново судење, а донел одлука тој да биде испорачан во Македонија, иако македонските власти не дале гаранции дека ќе има нов процес за убиството за кое е осуден. Сепак, одлуката на судот беше очекувана бидејќи швајцарското барање беше одбиено зашто Хаџиски грабежите за кои се товари ги извршил како француски државјанин, а кога го извршил убиството во Македонија, бил македонски државјанин. По Алкалд, бранител на Хаџиски беше Елиз де Фокалд, адвокатка од Монтпелје, која исто така не сакаше да открие дали подготвувале ново судење во Македонија, пишува „Дневник“.

Весникот повикувајќи се на изјави на експерти, вклучително и од лица што биле директно вклучени во процесот пишува дека на Хаџиски треба повторно да му се суди бидејќи пресудата, односно повторниот процес се одвивал во негово отсуство. Ако осудениот убиец побара да му биде судено, можно е пак да му се суди, но не би можел да добие повеќе од 15 години затвор.

Според обвинението, Хаџиски на свиреп начин и од користољубие со умисла ја лишил од живот Мери Јошевска на 18 јуни 1993 година. Тој дошол во станот во скопски Аеродром околу 10 часот утрото да пие кафе. Муабетот набргу прераснал во кавга. Тој најпрвин почнал да ја дави Мери со рацете, а потоа со кристален пепелник ја удрил еднаш по десното рамо и двапати по главата. Потоа со кујнски нож, кој го носел со себе, и’ задал десетици убоди по целото тело. Тој исто така употребил и нож, што го нашол во станот, па продолжил да ја боде. Според наодите на истрагата, убиецот сакал жртвата да страда, што го покажало и вештачењето. Утврдено е дека секој од 40-те убоди сам по себе не бил смртоносен. Жртвата очајнички се бранела, но, за жал, не уапсела да се одбрани. Таа поради внатрешно и надворешно крвавење, кое настанало како резултат на добиените повреди, починала на самото место. По убиството, Хаџиски ги прикривал трагите. Ги миел ножевите и се обидувал се да врати на своето место. Пред да замине зел златен накит и го напуштил станот оставајќи ја Јошевска да искрвави. Истиот ден се обидел да го продаде накитот на Бит-пазар, но не успеал. Вечерта излегол со друштво во кафуле небаре ништо не се случило, каде што бил и уапсен, пишува „Дневник“.

Миле Хаџиски од македонските власти беше баран со меѓународна потерница од 1996-тата година за издржување на 20 годишна затворска казна за убиството на Јоевска. По речиси две и пол години екстрадициска постапка, во петокот од беше Франција екстрадиран во Македонија.

Како што информираше МВР, Хаџиски во февруари 2012-та година беше уапсен од страна на швајцарската полиција при што преку меѓународна полициска соработка која се одвиваше со посредство на Интерпол во Берн, било потврдено дека уапсеното лице со податоци Зоран Т. Роден на 29.06.1966 година, всушност Хаџиски.