Хафтар и Сараџ подготвени да го решат нафтениот проблем во Либија

EPA-EFE/Guido Bergmann / POOL

Командантот на Либиската национална армија (LNA), Калифа Хафтар и премирот на Владата на националното единство (GNA), Фајез Сараџ, во контактите со германската канцеларка Ангела Меркел во неделата изразија подготвеност за решавање на проблемот на нафтената индустрија во земјата, изјави во неделата шефот на германската дипломатија Хаико Маас.

„Канцеларката и јас во преговорите со премиерот Сараџ и генералот Хафтар пред разговорите (во Берлин) во канцеларијата на канцеларката, раговаравме за проблемот со нафтата. Двете страни појаснија дека генерално се подготвени да изнајдат решение“, рече Маас на прес-конференцијата по преговорите на Берлин.

Според шефот на германската дипломатија, сложеното прашање и натаму останува на преговарачката маса и ќе биде разгледувано и следните денови и седмици.

„Ќе формираме комитет кој ќе осигури спроведување на денешните одлуки… Имаме клуч за решавање на конфликтот. Сега треба да го ставиме во бравата и да го завртиме“, рече Маас и додаде дека комисијата ќе започне со работа, пробно, на почетокот од февруари.

Силите лојални на генералот Хафтар во саботата ги блокираа главните нафтени терминали на истокот од Либија, во пресрет на Берлинскиот самит. Запирањето на извозот на нафтата, што за Либија претставува речиси единствениот извор на приходи претставуваше протест против одлуката на Турција да интервенира на страна на владата во Триполи, порачаа племенските заедници и војската која му е лојална на Хафтар. Според нив, приходите од нафтата кои се проценуваат на околи 55 милиони долари дневно, а ги дистрибуира GNA, се користат за плаќање на борци кои доаѓаат во Либија од странство, особоено од Турција кога ги ангажира и своите сојузнички бунтовнички групации од Сирија.

Националната нафтена компанија (NOC) извести дека извозот на нафтата од ткн „Нафтената полумесечина“ е запрен. Станува збор за либиските пристаништа Брега, Рас Лануф, ал-Седра и ал-Харига. Блокадата ќе резултира со пад на производството од 1,3 милиони барели дневно на 500.000 барели дневно, како и со дневни финансиски загуби од 55 милиони долари, соопшти компанијата.

По соборувањето и ликвидацијата на поранешниот либиски автократски водач Моамер ел-Гадафи во 2011 година, Либија практично престана да функционира како единствена држава и сега во земјата има двовластие. На истокот власта е во парламент за кој гласаше тамошното население со седиште во Тобрук, а на западот во главниот град Триполи владее Владата на националното единство (GNA), формирана со поддршка на меѓународната заедница, која ја води Фајез Сараџ. Властите во источните делови дејствуваат независно од Триполи и соработуваат со LNA, предводена од маршалот Калифа Хафтар кој по соборувањето на Гадафи се врати од егзилот во САД и чии сили од април годинава се обидуваат да го заземат Триполи.

Кон крајот на декември службата за односи со јавноста на LNA објави дека силите на Хафтар заземале клучни позиции во јужниот дел од Трополи, вклучително и воен логор и меѓународниот аеродром кој не е во функција од 2014 година. Од LNA, исто така, објавија дека го заземале патот кон аеродромот откако ги потиснале милициите кои се борат на страната на GNA. Владата во Триполи сѐ уште не ги коментираше овие наводи. Ова напредување значи дека силите на Хафтар се на околу 10 километир од центарот на Триполи.

Владата која ја има поддршката од Турција и Катар, со месеци дава отпор на офанзивата на Хафтар, кој има добри односи со Русија, Египет и Обединетите Арапски Емирати. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во четвртокот реле дека Турција ќе испрати воени единиви во Либија, бидејќи тоа го побарал Триполи и дека во јануари на парламентот ќе му поднесе прелог закон кој тоа ќе го овозможи. Оваа изјава поттикна стравувања дека долгогодишниот либиски судир, во кој се вклучени и помали локални милиции и исламистички групации, може да прерасне во регионален судир.