Хајкенс: Рибери ја заслужи Златната топка

Трофејниот германски стручњак, Јуп Хајкенс е убеден дека францускиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Франк Рибери ја заслужи престижната награда на ФИФА и Фран Фудбал, “Златната топка”, која на крајот му беше доделена на португалскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Кристијано Роналдо.

“Сега ми е тешко да зборам за Франк Рибери. Французинот во изминатата сезона ја освои титулата во Лигата на шампиони, во Купот на Германија и во германската Бундес лига. Тој беше еден од главните играчи и еден од најзаслужинте за историскиот успех. Мислам дека ја заслужи “Златната топка”. Имаше уште неколку фудбалери кои заслужија да бидат номинирани. Тука мислам на Филип Лам, на Себастијан Шваинштајгер или на Томас Милер”, изјави Хајкенс.