Хакер го нападна серверот на „Би-Би-Си“

Хакер го нападна серверот на „Би-Би-Си“ јавното радио и телевизија на Велика Британија, а потоа почна новогодишна кампања со цел да се убедат другите сајбер криминалци да му платат за пристап до системот, пренесе „Ројтерс“.

Иако не е познато дали хакерот нашол купувачи, тимот за безбедност на „Би-Би-Си“ тврди дека ситуацијата е ставена под контрола. Портпарол на кампанијата одби да коментира на прашањата за безбедност.

Нема информации дали хакерот украл податоци или предизвикал некакви штети при нападот.