Хакери го онеспособиле најголемиот мобилен оператор во Украина во чиј одбор е поранешниот шеф на CIA

Системот на најголемиот мобилен оператор во Украина е целосно урнат во вторникот во досега невидениот кибернетики напад, а украинската разузнавачка агенција Службата за безбедност на Украина (СБУ) објави дека можно е да станува збор за операција на руските специјални служби.

„Една од верзиите коишто СБУ ги разгледува во моментов е дека руските специјални служби стојат зад овој хакерски напад“, се наведува во електронската порака на украинското разузнавање испратена до британската новинска агенција Reuters.

„Киевстар на 12-ти декември утрото беше цел на силен хакерски напад кој предизвика технички проблеми“, објави компанијата на социјалната мрежа Х.

Телефонските и интернет врските „паднале“ во целата земја, а недостапна е интернет страницата на операторот.

Компанијата им порача на корисниците дека нивните податоци не паднале во „погрешни раце“ и им препорача да се префрлат на мрежите на другите оператори, што е возможно да се направи по почетокот на руската инвазија кон крајот на февруари 2022 година.

Засега не е точно познато од каде се изведени моќните масивни кибернетички напади во Украина.

Операраторот „Киевстар“ има 24 корисници, а во неговиот надзорен одбор од ноември годинава е поранешниот директор на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) и претходно државен секретар на САД, Мајк Помпео.

Во меѓуврме и украинската банка „Монобанк“ објави дека, исто така, била цел на хакерски напад, а технички проблеми пријави и вториот најголем мобилен оператор во земјата „Vodafone“.