Хакери објавија податоци од базата за возилата во Албанија

Нови податоци објави иранската хакерска група „Татковинска правда”, овој пат од базата на податоци за албански автомобили. Во објавата има список на возила, број на шасија и мотор, марка на возилата, регистарска табличка, име и презиме на сопствениците и местото на живеење.

Хакерите кои владините системи ги нападнаа на 15 јули, а оние на Министерството за внатрешни работи, вклучително и ТИМС системот на граничната полиција, вечерта на 9 септември, редовно објавуваат податоци, фотографии и видеозаписи од полициските камери. Објавија и пораки од електронските пошти на министри, како и имиња на 105 илјади албански граѓани осомничени за криминални активности.

На нивната веб-страница групата деновиве објави податоци за премиерот Еди Рама, а пред тоа и за директорот на албанската тајна служба, ШИШ, Хелидон Бендо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.