Хакери уценуваат со објавување компромитирачки материјали за Трамп

Американското Федерално биро за истраги (FBI) започнало истрага по закани на хакерска група дека ќе објавува информации коишто би можеле да му наштетат на претедателот Доналд Трамп кој во ноември ќе се трка за вториот мандат, објави во петокот списанието Forbes.

Според изворите на списанието, групата кибернетички изнудивачи кои себеси се нарекуваат REvil, познати и како Sodinokibi кои имаат долга историја на смели напади, наводно ги добиле доверливите податоци со хакирање на податоци на адвокатска компанија од Њујорк, која ја води адвокатот Ален Грабман.

Истовремено телевизиската мрежа Fox News според своите истражување објави дека споменатата адвокатска канцеларија и самиот Грабман никако не се поврзани со претедателот, бидејќи Трамп никогаш не бил нивен килент. Но не е познато дали некои компании од групацијата на њујоршкиот претприемач биле клиенти на адвокатската канцеларија.

Оваа хакерска група е позната и по изнуди од славните музички ѕвезди како Лејди Гага, Мадона, Мараја Кери, Брус Спрингстин, групата U2 и други уметници, кои се клиенти на споменатата њујоршка адвокатска канцеларија. Хакерите на „црната мрежа“ објавиле документи за Лејди Гага и Мадона. Нивни жртви претходно годинава биле и компаниите „Tesla“, „SpaceX“о „Lockheed Martin“, за кои била украдена преписка во врска со добавувачи.

Минатата седмица, како што се истакнува во материјалот на Forbes, хакерите изнудувале 21 милион долари за доверливите документи. Сега хакерите, наводно, барале 42 милиони долари кои требало да бидат исплатени во рок од една седмица. Како што истакнува Forbes, станува збор за една од најголемите познати досега изнуди. Притоа, не се наведува за какви дискредитирачки материјали станува збор, но во објава хакерите порачале дека доколку не плати, Трамп „може да ја заборави засекогаш амбицијата“ за втор мандат.

Грабман, се посочува во написот, не преговара со изнудувачите, водејќи се од фактот дека со тоа ќе го прекрши федералниот кривичен закон, затоа што активностите на хакерите FBI ги класифицира како акт на меѓународен тероризам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.