Хакери украле 160 милиони долари од фирма за трговија со криптовалути

Хакери украле дигитални средства во вредност од околу 160 милиони долари од лондонската компанија „Wintermute“, која се занимава со трговија со криптовалути, изјави денеска извршниот директор на таа компанија, Евгениј Гавои, пренесе Ројтерс.

Гавои на Твитер напиша дека кражбата го погодила секторот кој долго време бил погоден од сајбер напади, јави Танјуг.

Нападот беше насочен кон децентрализираните финансиски операции на Wintermute, која обезбедува ликвидност на глобалните крипто берзи.

Гавој истакна дека компанијата и по хакирањето останува солвентна. Тој исто така рече дека денеска и потенцијално во следните денови ќе има прекин во услугите на компанијата, наведувајќи дека околу 90 отсто од имотот е хакиран.

Wintermute се нарекува себе си за „еден од најголемите играчи“ на глобалниот крипто пазар и тврди дека управува со „стотици милиони“ средства и промет, и прави повеќе од пет милијарди долари дневно.

Најголемиот грабеж на криптовалути од нивното основање се случи на почетокот на август 2021 година, кога беа украдени шестотини милиони долари од децентрализираната финансиска платформа Poly Network.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.