8.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Хакерите ги користеле вработените во Twitter кои имаат пристап до интерните сервери

„Истражуваме дали хакерите преземале некои други криминални активности и дали тие имале пристап до други информации. Кога ќе имаме нови детали, ќе ја известиме јавноста“, соопшти  компанијата.

Ден претходно беше објавено дека хакери упаднале во серверите и хакирале некои од најпознатите корисници на платформата, вклучувајќи ги и американскиот претседателски кандидат Џо Бајден, ѕвездата од реалните шоуа Ким Кардашјан, милијардерот Илон Маск и поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

Во хакираните твитови се повикаат следбениците да испратат донации во крипто валути на конкретен „паричник за криптовалути“и на тој начин двојно ќе ја зголемат својата заработка. Неколку часа по почетокот на хакерскиот напад, околу 300 луѓе се измамени кои испратиле донации во биткоини повеќе од 100.000 американски долари. Твитовите беа избришани неколку минути откако беа објавени.

Извршниот директор Џек Дорси претходно изјави дека компанијата го утврдува проблемот.

„Тежок ден за Twitter Жал ни е што се случи#, рече Дорси.

По веста за хакерството, акциите на компанијата паднаа на берзите за речиси пет проценти.

Погодени се и Twitter налозите на раперот Канје Вест, основачот на Амазон, Џеф Безос, инвеститорот Ворен Бафет, основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс и корпоративните сметки на Убер и Ејпл. Исто така хакирани се и налозите на компании и организации што продаваат криптовалути. Вкупно, погодени се налози што имаат десетици милиони следбеници.