Хакерите објавиле дел од наводните компромитирачки материјали за Трамп

Хакерска изнудувачка група објавила дел од информациите кои наводно би можеле да му наштетат на актуелниот американски претседател Доналд Трамп да биде избран во вториот мандат на ноемвриските избори, пишува во неделата магазинот Forbes.

Како што претходно седмицава објави списанието, групата хакери којашто се идентификува како REvil, наводно успеале да дојдат до доверливите документи со хакирањето на базата на податоци на реномирана адвокатска компанија „Grubman, Shire, Meiselas and Sacks“ во Њујорк, предводена од адвокатот Ален Грабман. Според сознанијата на медиумите, со оваа канцеларија и Грабман директно не е поврзан американскиот претседател, ниту Доналд Трамп некогаш бил нивен клиент.

Минатата седмица хакерите, за кои се „претпоставува дека потекнуваат од источна Европа“, барале да им се исплатат 21 милион долари за да не ги објават компромитирачките материјали, како што тоа беше случајот со пејачките ѕвезди Лејди Гага, Мадона, Брус Спрингстин, Мараја Кери, бендот U2 и други уметници, кои се клиенти на спомнатата адвокатска канцеларија, а за кои биле објавени некои документи. Потоа сајбер-криминалците побарале двојно поголема сума од 42 милиони долари, заканувајќи дека доколку во рок од една седмица на им бидат уплатени ќе започнат со објавување на наводно инкриминирачките материјали за Трамп.

Канцеларијата, како што се посочува во написите, одбила да преговара за откупнина на украдените документи, водејќи се од фактот што Федералното биро за истраги (FBI) нивните активности ги класифицира како дела од меѓународен тероризам, а соработката во тој случај претставвуа кривично дело. Како што се наведува во написот, веројатно одлуката да не се преговара со изнудувачите, ги налутило хакерите.

Грабман го известил Forebs дека му биле испратени линкови до криптирани датотеки, каде што хакерите поставиле дел од компромитирачките материјали и лозинки за пристап до нив, Станува збор за 169 преписки преку електронска пошта. Во сите тие пораки, на некој начин се споменува Трамп, но не содржат ништо компромитирачко, пишува списанието Forbes.

Порталот DailyMail.com, исто така, имал увид во материјалите за кои наведува дека се внатрешна преписка на адвокатската канцеларија. Според британскиот портал, објавениот материјал главно се фокусира на дискусии за права и одобенија за користење видеоа-материјали во кои фигурира Трамп. Една од таквите преписки се однесува на потенцијален правен ризик при користењето лажен позитивен преглед од Трамп во трејлер од пародиски филмови.

Во друга преписка, клиент ја контактирал адвокатската канцеларија со прашање дали славниот телевизиски новинар Дејвид Летерман дал дозвола на кампањата на Хиалри Клинтон да кориси видео од неговото интервју со Трамп во 2012 година, за напад врз тогашниот републикански претседателски кандидат. Адвокатите заклучиле дека нема такво одобрување, но оти на Летерман не му пречи користењето на клипот во кампањата на демократите.

Експертот за криминални активности на „темниот“ дел од интернетот, Брат Калоув, аналитичар во компанијата „Emsisoft“ , оценува дека по одлуката на канцеларијaта да не преговара или да плати откупнина по наредба на FBI, ќе значи дека хакерите „веројатно ќе ги објават остатокот од материјалите или ќе ги продадат со наддавање“.