Хакерски напад врз компјутерските мрежи на министерството за здравство на САД

Американското министерство за здравство и социјални служби регистрирало несупешен хакерски напад врз своите компјутерски мрежи, кој не предизвикал попречувања во нивното функционирање и нема протекување информации, соопшти во понеделникот на прес-конференција во Белата куќа, министерот Алекс Азар.

„Во текот на изминатото деноноќие регистриравме значително зголемување на активностите во однос на компјутерската мрежа на министерството и неговата веб-страница. За среќа, располагаме со сериозен систем за заштита. Немаше пад на мрежите, како и оштетувања во нивното функционирање. Преземавме многу сериозни мерки за заштита“, изјави Азар.

„Работиме на откривањето на изворот на нападот. Не би сакал да шпекулирам за изворите… Немаше никакви истекувања на податоците“, одговори Азар на новинарско прашање дали зад нападот стои некоја странска држава.

Претходно во текот на денот новинската агенција Bloomberg објави дека кибернетичкиот напад врз комјутерските системи на министерството за здравство бил изведен на 15-ти март, неделата, во вечерните часови по локално време.