Хакирана електронската пошта на амбасадорот на САД во Кина

Хакери поврзани во кинеската влада упаднале во електронската пошта на американскиот амбасадор во Пекингм Николас Бернс, и добиле пристап до стотици писма, објави во четветокот весникот The Wall Street Journal.

Цел на хакерите, според неименуваните извори на весникот, бил шефот на одделот за источноазиски прашања при американскиот Стејт департмент, Даниел Критенбринк.

„Хакери поврзани со Пекинг добиле пристап до адресата на електронската пошта на американскиот амбасадор во Кина…, во напад во кој се верува дека компромитирал најмалку стотици илјади мејлови на американската влада“, го цитира весникот соговорникот.

Електронската преписка меѓу амбасадорот Бернс и дипломатот Критенбринк содржела некласифицирани документи, но таа можела на хакерите да им дадат информации за планирањето на посетите на неодамнешните посети на високите американски функционери, како државниот секретар Ентони Блинкен и министерката за финансии Џенет Јелен на Пекинг, и поединости од интерните дискусии за американско-кинеските односи, се додава во написот.

Ова откритие доаѓа нецела седмица откако американскиот технолошки гигант „Microsoft“ потврди дека неговите стручњаци откриле дека хакери поврзани со кинеската држава од мај потајно добивале пристап до адресите на електриските пошти во околу 25 организации, вклучително и во најмалку две американски владини агенции.

Соединетите држави го откриле пробивањето во адресите на сојузната влада „доста брзо“ и успеале да спречат натамошни упади, тврдеше тогаш советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Кинеските хакери се обидувале да упаднат во одредени сметки на електронската пошта на американскиот Стејт департмент, неколку седмици пред патувањето на државниот секретар Ентони Блинкен во Пекинг во јуни, објави весникот The New York Times повикувајќи се на американски функционер.

Кинеската амбасада во Лондон минатаа седмица ваквите обвинувања ги нарече „дезинформации“ администрацијата на САД ја нарече „најголемото светско хакерско царство и глобален сајбер гангстер“. Кина рутински ја негира вмешаноста во операции на хакирања без оглед на тоа дали се дадени докази или само контенкст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.