Халанд даде гол, ама Сити не ја победи Астон Вила (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд уште еднаш покажа дека е вистинска машина за голови, но Манчестер сити денеска беше запрен на гостувањето кај Астон Вила и одигра само 1-1.

Норвежанецот со својот десетти сезонски гол на шестиот натпревар во Премиерлигата ги донесе „граѓаните“ во водство од 0-1 во 50.минута. Домашниот состав остана непоразен благодарение на голот на Лион Бејли во 74.минута.