Халанд ги предводи стрелците во Лигата на шампионите

Напаѓачот на англискиот првак Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, го презеде водството во листата на стрелци во Лигата на шампионите со пет погодици.

Ерлинг Халанд во средата вечерта ги постигна двата први погодока во 7 и 32 минута во домашната победа на Сити од 5:0 над Копенхаген, стасувајќи до фантастичниот статистички показател од 28 голови во 22 настапи во Лигата на шампионите.

На второто место е крилото на Баерн Минхен, Лерој Сане, со четири гола, додека седум играчи постигнаа по три гола.

Рангирање на стрелците:

5 – Халанд (Манчестер Сити)

4 – Сане (Баерн Минхен)

3 – Белингем (Борусија Дортмунд), Распадори (Наполи), Зиелински (Наполи), Окафор (РБ Салцбург), Мбапе (ПСЖ), Кудус (Ајакс), Левандовски (Барселона)…

2 – Оршиќ (Динамо), Андре Силва (РБ Лајпциг), Гвереиро (Борусија Дортмунд)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.