Халанд потпиша за Манчестер Сити

Младиот норвешки голгетер Ерлинг Халанд во понеделникот потпиша петгодишен договор со Манчестер Сити, кој преминувањето на 21-годишникот го договори уште во мај но сега официјално го потпиша договорот со важност до летото 2027 година.

„Ова е горд ден за мене и моето семејство. За Манчестер Сити играат многу играчи од највисока класа, а Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери на светот. Верувам дека дојдов во тим во кој ќе ги исполнам своите амбиции“, изјави Халанд за интернет страницата на Сити.

Норвешкиот фудбалер изминатите две ипол години одигра 89 натпревари за Борусија Дортмунд и селекцијата на неговата земја во кои постигна дури 86 погодоци.

Според британските медиуми, Манчестер Сити за Халанд платил 60 милиони евра отштета, а годишната плата на играчот ќе изнесува 17,5 милиони евра.