Халанд продолжува со голгетерското шоу, Лајпциг му го препушти врвот на Баерн

Во дербито од 20-то коло од германското фудбалско првенство РБ Лајпциг во финишот на средбата успеа да избегне домашен пораз од Борусија Менхенгладбах по водствот на гостите од 0:2, но и со ова реми мораше водството на табелата да му го препушти на минхенски Баерн кој претходно забележа гостинска побада кај Мајнц.

Гостите од Менхенгалдбах во првото полувреме имаа предност од 2:0, со головите на Алесане Плеа во 24 и Јонас Хофман во 35 минута. Домашните во продолжението намалига во 50 минута со погодокот на Патрик Шик, гостите десет минути подоцна останаа без исклучениот стрелец на водечкиот гол Плеа, а Лајпциг извади бод со голот на Кристофер Нкунку во 89 минута.

Со ремитео РБ Лајпциг не успеа по само неколку часа да се врати на врвот на табелата и е втор со 41 бод, а Борусија Менхенгладбах со 39 бодови се одржува на четвртата позиција. Водството на табелата го презема Баерн Минхен со 42 бодови, а Борусија од Дортмунд по серијата победи со 39 бодови е трет.

Борусија од Дортмунд со високи 5:0 на свој терен го совлада Унион Берлин, а 19-годишниот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд повторно беше двоен стрелец.

Халанд кој во јануари дојде во Дортмунд од РБ Салцбург, во своите три први настапи за „Милионерите“ веќе постигна седум погодоци. Норвежанецот погоди во 18 и 76 минута, а серијата ја отвори во 13 минута Џејдон Санчо. Стрелци уште беа Марко Ројс од пенал во 68 и Аксел Витзел во 70 минута.

Борусија Дортмунд со последните три успеха дојде на третата позиција на табелата со 39 бодови, а Унион Берлин моментално е 12-ти со 23 бодови.

Минхенски Баерн го реши во своја полза гостувањето кај Мајнц во првите половина час од мечот. Роберт Левандовски погоди во 8, веќе во 14 минута Томас Милер го удвои водството на гостите, а во 26 минута Баварците преку Тиаго Алкантара поведоа со 3:0. Домашните успеаја само да намалат преку Џеремаја Сан-Џаст во последната минута од првото полувреме.

Баерн моментално е водечки во Буденслигата со 42 бодови, а Мајнц во моментов со 18 бодови е 15-ти, последното место кое гарантира опстанок во лигата.

Хофенхајм со 2:1 на домашен терерн го совлада Баер Леверкузен. Гостите поведоа во 11 минута преку Муса Диабу, а во 23 минута Андреј Крамариќ израмни, а за домашните трите бода ги обезбеди Роберт Сков во 65 минута.

И покрај поразот Баер остана на петтата позиција која води Европската лига со 34 бодови, колку што има и Шалке, а Хофенхајм сега заостанува на седмата позиција со еден бод помалку.

Фортуна пред своите навивачи поведе во 78 минута со голот на Каан Ајхан, а во третата минута од судиското продолжение за Ајнтрахт од Франкфурт израмни Томоти Чандлер.

Фортуна не успа да се извлече од зоната на испаѓање, претпоследна е 17-та со 15 бодови, а Ајнтрахт е 10-ти со 25 бодови.

Играчите на Аугсбург беа стрелци на сите три погодока во домашниот дуел со Вердер, но првиот во 23 минута во сопствената мрежа го постигна Тин Једвај. Флориан Нидерлехнер во 67 минута израмни, а победата ја осигури Рубен Варгас во 82 минута.

Аугсбург е деветти со 26 бодови, а Вердер остана со 17 бодови на 16-то место од кое се играат квалификации за опстанок.