Халанд сака до крајот на јануари да одлучи за идниот клуб

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Хaланд сака да одлучи за нов клуб до крајот на јануари.

Според „Марка“, 21-годишниот Норвежанец моментално е на одмор во Марбеља каде води неформални преговори со клубовите. Се известува дека претставници на Барселона и Реал веќе се сретнале со напаѓачот. Двата клуба знаат дека фудбалерот сака да преговара за преселба до крајот на јануари, а трансферот би се реализирал на крајот на оваа сезона.

Во сезоната 2021/22, Хaланд настапи на 16 натпревари за Борусија Дортмунд, постигна 19 гола и пет асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ го проценува норвешкиот репрезентативец на 150 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.