Халеп ја победи Рибакина и го освои турнирот во Дубаи

14

Романската тенисерка Симона Халеп победи на турнирот во Дубаи. Вториот рекет на светот вечерва ја надигра Елена Рибакина од Казахстан.

Романката до трофејот стигна по два и пол часа во финалето и 2-1 во сетови (3:6, 6:3 и 7:6).

Наградниот фонд на турнирот во Обединетите Арапски Емирати изнесуваше 2,6 милиони долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.