Воената операција на Израел насочена кон искоренување на палестинсмото исламистичко движење Хамас поради неговиот напад врз Израел на 7 октомври значително ја ослабна милитантната организација, но не ја уништи.
Израелците убија неколку челници на Хамас и илјадници негови борци за една година, но палестинската милитантна група не е целосно уништена и крајот на нејзиното владеење во Појасот Газа се уште е неизвесен.
Хамас предизвика војна во Појасот Газа испраќајќи стотици борци преку границата во Израел на 7 октомври 2023 година. Во бруталниот напад без преседан според бројноста и организираноста во долгата истораја на израелско-палестинскиот конфликт кога беа убиени 1.205 луѓе, од кои речси 900 цивили, според податоците на AFP врз основа на официјалните израелски податоци, кои вклучуваат заложници убиени во заробеништво на Хамас.
Ветувајќи дека ќе го уништи Хамас и ќе ги врати дома заложниците, Израел започна воена операција во Појасот Газа од копно, море и воздух во која според палестински извори уиени се најмалку 50.000 луѓе, од кои две третини се деца и жени. Палестинското министерство за здравство во Газа каде владее Хамас не објавува колку од заганатите се борци.
Водачот е мртов
Еден од најголемите удари за Хамас од неговото основање во 1987 година беше кога неговиот политички лидер Исмаил Ханије беше убиен во ианската престолнина Техеран на 31-ви јули.
И Хамас, за кој постојат шпекулации дека е формиран во 1980-те од израелските и западните тајни служби за да го поткопа влијанието на Палестинската ослободителна организација (PLO) во која доминираше движењето Фатах и кои се паццифизираа барајќи политичко и мирно решение на израелско-палестинскиот конфликт, и шиитско Иран кој од минатата година ги подобри порано лошите односи со Хамас, го обвинија Израел за убиство на Ханија, но Израел не коментираше.
По неговата смрт, Хамас го назначи Јахја Синвар, кого Израел го обвинува дека го организирал нападот на 7 октомври, за нов лидер. Интересно Синвар одлежа 24 години во израелскиот затвори/
На бојното поле во Газа, израелските сили агресивно ги гонат и Синвар и воениот командант на Хамас. Мухамед Деиф, за кој Израел тврди дека бил убиен во воздушен напад. Но Хамас тврди дека Деиф е жив. „Командантот Мухамед Деиф сè уште издава наредби“, изјави за AFP извор од вооруженото крило на Хамас, бригадите Изедин ал-Касам, кој сакал да остане анонимен.
„Цел број еден“
Висок функционер на Хамас, кој исто така барал да остане анонимен, рекол за француската агенција дека Синвар, кој не е виден во јавноста од почетокот на војната, е врховен командант кој ги води и воените и политичките крила на Хамас. „Голем тим е задолжен за неговата безбедност, бидејќи тој е цел број еден на непријателот“, рекол претставникот.
Израелските власти во август објавија дека повеќе од 17.000 палестински милитанти се меѓу загинатите во Појасот Газа.
Висок функционер на Хамас призна дека „неколку илјади борци на движењето и други групи на отпорот загинале во борбите“.
И покрај огромните загуби, вооружениот крилен извор и понатаму се радува поради пропустот на израелското разузнавање и безбедност на 7 октомври. „Израел тврди дека знае сè, но на 7 октомври не виде ништо“, рекол изворот.
Израел има своја слика за тоа како стои Хамас денес. Министерот за одбрана Јоав Галант во септември изјави дека Хамас „како воена формација повеќе не постои“.
Брус Хофман од Советот за надворешни односи (CFR), американски тинк-тенк, тврди дека израелската офанзива му нанела „болен, но не и фатален удар“ на Хамас.
„Политичко самоубиство“
Хамас независно ги контролира и раководи институциите во Појасот Газа од 2007 година, откако една година претходно победи на парламентарните избори, а потоа го победи ривалот Фатах и во уличните битки и го протера од енклавата. Сега повеќето институции во Појасот Газа се или силно поткопани или уништени.
Израел го обвинува Хамас дека користи училишта, здравствени установи и друга цивилна инфраструктура за извршување на своите акции, што Хамас го негира.
За време на војната, ниту еден дел од Појасот Газа не е безбеден од бомбардирање: на мета се училиштата во кои бегалците се засолниле, како и здравствените установи. Стотици илјади деца немаат настава речиси една година, а универзитетите, електраните, водоводните системи и полициските станици веќе не работат.
До средината на 2024 година, економијата на Појасот Газа се намали на „помалку од една шестина од нивото во 2022 година“, се вели во извештајот на ОН во кој се вели дека ќе бидат потребни децении за Појасот Газа да се врати во состојбата во која беше пред израелскиот напад.
Колапсот предизвикува големо незадоволство кај 2,4 милиони жители на Појасот Газа, од кои две третини биле сиромашни и пред војната, според Мухајмер Абу Сада, политиколог од Универзитетот Ал-Азхар во Каиро. Неговиот колега Џамал ал-Фади оцени дека нападот на 7-ми октомври е „политичко самоубиство за Хамас“ кој сега сфатил дека е „изолиран“.
Членот на политичкиот комитет на Хамас, Басем Наим не се согласува.
„Иако некои можеби не се согласуваат со политичките ставови на Хамас, отпорот и неговиот проект продолжуваат да уживаат голема поддршка“, вели Наим, кој како и неколку други водачи на Хамас живее во самонаметнат егзил во Катар.
Анкетата во јуни на Палестинскиот центар за политика и истражување покажа дека 67 отсто од испитаниците на окупираниот Западен брег веруваат дека Хамас на крајот ќе го победи Израел.