Палестинскоот милитантно движење Хамас во вторникот оцени дека изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека двиќењето не сака договор за прекин на огнот во Појасот Газа треба да предизвија заблуди во светот.
Бајден, одговарајќи на прашања во врска со преговорите за договорот за прекин на огнот, рече: „Израел вели дека може да го реши, тие се подготвени. Но, ми кажаа дека сега Хамас се повлекува“. Качувајќи се во авион по одржаниот говор на Демократската национална конвенција во Чикаго во понеделникот, тој додаде: „Ќе видиме. Ќе го продолжиме притисокот“.
Хамас одговори дека изјавите на Бајден не ја одразуваат нивната вистинска позиција, а тоа е дека сакаат да постигнат прекин на непријателствата.
„Предлогот што ни беше претставен неодамна не соодветствува со она што страните го договорија на 2 јули, тоа се смета за американски одговор и согласност за новите услови на терористот (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху и неговите криминални планови за Појасот Газа“, додава Хамас.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој е во својата деветта посета на регионот од почетокот на војната, изрази оптимизам по состанокот со израелските власти во понеделникот. Тој го посети Каиро во вторникот, пред разговорите закажани за четврток. Клучните спорни прашања сѐ уште не се решени.
САД изнесоа компромисни предлози за кои, заедно со Катар и Египет, веруваат дека би можеле да ги премостат разликите меѓу Израел и Хамас и да стават крај на конфликтот што го дестабилизира целиот регион.