Хамилтон ја освои и Големата награда на Тоскана

50
13 September 2020. EPA-EFE/Luca Bruno / Pool

Британскиот автомобилистички ас Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес ја освои трката за Големата награда на Тоската возена во неделата на патеката во италијански Муџело, во рамките на Светското провенство во класата Формула 1.

Ова беше 90-та победа на Луис во кариерата со што дојде на само еден триумф зад рекордот на легендарниот Германец Михаел Шумахер.

Хамилтон до победата дојде во трката која обилуваше со инциденти и два прекина, пред клупскиот колега Финецот Валтери Ботас, и Тајланѓанецот Александер Албон од Ред Бул.

Историската прва трка за Големата награда на Тоската ја одбележаа бројни судари поради што безбедното возило дури трипат излегуваше на патеката. Најголемиот судар се случи токму додека ова возило беше на патеката, а настрадаа болидот на тимот на Алфа Ромео возен од Антонио Џованаѕи, на Мекларедн кој вго возеше Карлос Сајнц, на Хаас управуван од Кевин Магнусен и на Вилијамс во кој беше Николас Латифи. Тринаесет кругови пред крајот Канаѓанецот Ленс Строл при брзина од дури 282 километра на час го уништи својот болид во тимот на Рејсин Поинт, а се откажаа Пјер Гасли и Макс Верстапен. Трката ја завршија само 12 возачи.

Тимот на Ферари на „својата“ патека го прослави својот јубилеј – илјадатата трка во во историјата, но неговите возачи не се искажаа. Шарл Леклер од Монако беше осми, а германскиот возач Себастијан Ферел биеше десетти.

Со шесте победи оваа сезона, Хамилтон има предност од 53 бода пред Ботас во генералниот пласман за возачите.

Сезоната продолжува по две седмици со трката кај Сочи за Големата награда на Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.