Хамилтон: Божјата рака ме чува, Ф1 не е вредна за умирање

Четирикратниот и актуелен шампион во Формула 1, Луис Хамилтон зборуваше за Ф1 подкаст на многу теми, како и за ризиците со кои се соочуваат пилотите на формула. Возачот на „Мерцедес“ е во најбрзиот циркус од 2007 година, извозел 217 трки на кои победил 65 пати.

Формула 1 ме скрши и ме изгради, ме изгради и ме скрши. Кога ќе го преживеете сето тоа, кога ќе внесете се во тоа ви се крши срцето и убиени сте кога нема да успеете, кога ќе се сопнете, кога сите ве гледаат кога паѓате. Но кога ќе се кренете, кога ќе успеете тоа ве крева. Паднете и скршите коска, закрепнете и продолжите да одите, изјави Хамилтон.

Британцот истакнаа дека е религиозен, како и дека верата му значи многу.

Со неколку блиски пријатели одиме во црква. Најчесто се враќаме дома со чувство на просветлување и сила. Тоа е како да се рецентрирате. Некогаш е како да не сте разбрале, но многу почест е впечатокот дека знаете каде сте се упатиле, рече Хамилтон за своето религиско искуство.

33-годишниот возач, кој е католик, објасни дека ги сака трките и натпреварувањето, но не по секоја цена.

Не би можел да кажам дека Ф1 е вредна за умирање. Вашите соништа, страсти, амбиции и цели може да бидат тоа. Сешто може да се случи секој ден, но јас чувствувам дека ме чува раката на Бог. Ништо не е дадено и никаде не пишува дека ќе живеам 100 години, или дека ќе го дочекам следниот роденден, рече Хамилтон.