Хамилтон до победата со дупната гума

Formula One Grand Prix of Great Britain at the Silverstone Circuit, in Northamptonshire, Britain, 02 August 2020. EPA-EFE/Frank Augstein / Pool

Британскиот пилот во класата Формула 1, Луис Хамилтон, ја оствари третата победа сезонава во Светското првенство, славејќи на трката за Големата награда на Велика Британија иако во последниот круг му пукна левата предна гума.

Хамилтон беше во водство од почетокот до крајот на четвртата трка во скусената сезона, која не понуди никакви возбудувања сѐ до 50-от од 52-та предвидени кругови. Тогаш на Финецот Валтери Ботас од тимот на Мерцедес, кој беше втор од стартот до тој момент, му експлодираше левата предна гума. Тој до влегувањето во боксот имаше повеќе од половина круг предност и поради инцидентот и влегувањето во боксот падна од второто на 11-то место и остана без бодови.

Откако на Ботас му се дупна гумата, Холанѓанецоте Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, кој најголем дел од трката беше трет, влезе во боксот по нов сет гуми, сметајќи дека од боксот ќе се врати на второто место, а во последниот круг од трката ќе го брка најбрзиот круг на трката што би му донело дополнителен бод. На крајот се испостави дека оваа одлука можеби и го чинеѓе победа и дополнителни шест бодови, затоа што Верстапен во последниот круг влезе со заостанување од 30 секунди зад Хамилтон, а на крајот оваа разлика се намали на само 5.856 секунди.

Третото место го зазема младиот возач на Ферари од Монако, Шарл Леклер, со 18.474 секунди заостанување зад Хамилтон.

За Хамилтон ова е 87-та победа во кариерата, а рекордна седма на домашната патека во Силверстоун, и сега е убедливо на чело во генералниот пласман со 88 бодови, 30 бодови повеќе од вторпласираниот Ботас, а 36 повеќе од третиот Верстапен.

Веќе следната недела на истата патека ќе се вози новата трака во шампионатот, која е петта од 13-те предводени сезонава, а ќе биде под насловот „70th Anniversary Grand Prix“.