Хамилтон го извозе најбрзиот круг во историјата на Монца

Британскиот пилот во класата Формула 1, Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес беше најбрз на квалификациите од Светското првенство за Големата награда на Италија, а притоа влезе во историјата остварувајќи го најбрзиот круг во историјата на легендарната патека во Монца.

Хамилтон кругот во Монца го мина за рекордни минута и 18,887 секунди, за својата 94-та „пол позиција“ во кариерата, а седма на истата патека.

Второто време во квалификациите го оствари Финецот Валтери Ботас, исто така, од Мерцедес, а во вториот ред ќе бидат Карлос Сајнџ од Мекларен и Серхио Перез од Рејсинг Поинт, додека на „домашната патека“ возачите на Ферари возеа катастофално – Шарл Леклер од Монако беше 13-ти,  Германецот Себастијан Фетел беше 17-ти.

Страртот во Монца е во недела во 15,10 часот.

Редослед

 

1. Луис Хамилтон (ВБ/ Мерцедес) 1:18.887

2. Валтери Ботас (ФИН/ Мерцедес) 1:18,956

3. Карлос Сајнц јуниор (ШПА/ Мекларен-Рено) 1: 19.695

4. Серхио Перез (МЕК/ Рејсинг Поинт-Мерцедес) 1: 19.720

5. Макс Верстапен (ХОЛ/ Ред Бул-Хонда) 1: 19.795

6. Ландо Норис (ВБ/ Мекларен-Рено) 1: 19.820

7. Даниел Рикиардо (АУС/ Рено) 1: 19.864

8. Ленс Строл (КАН/ Рексинг Поинт-Мерцедес) 1: 20.049

9. Александар Албон (ТАЈ/ Ред Бул-Хонда) 1: 20.090

10. Пјер Гасли (ФРА/ АлфаТаури-Хонда) 1: 20.117