Хамилтон најбрз и на третиот тренинг во Австрија

100
(AP Photo/Darko Bandic)

Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес имаше во саботата најдобро време на третиот тренигн во пресрет на трката за Големата награда на Австрија со којашто започнива новата сезона од Светското првенство во класата Формула 1.

Втор во саботата беше клупскиот колега на Хамилтон, Финецот Валтери Ботас. Трет беше Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул, а на четвртата позиција се пласираше Мексиканецот Сехио Перезе во тимот на Рејсинг Поинт.

Хамилтон, кој беше најбрз и на првите два тренинга, оваа година ќе се обиде да го израмни рекордот на Германецот Михаел Шумахер, доколку ја свои седмата титула светски шампион.

Квалификациите започнуваат во 15 часот.

Сезоната трбаше да започне во март во Австралија, но почетокот е одложен поради пандемијата на коронавирусот. Сега оваа скратена сезона би требало да има осум трки во Европа и во моментов сите трки треба да се одржуваат без гледачи и со почитување на строгите хигиенски прописи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.