Хамилтон најбрз на квалификациите во Сингапур

Светскиот шампион во првенството од Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ оствари најдобро време во квалификациите пред трката за Големата награда на Сингапур на патеката „Марина Беј“.

Водечкиот во генералниот пласман имаше најбрз круг во саботаа кој го извозе за 1:36,015 минутим а тоа му беше доволно за 79-та „пол-позиција“ во кариерата.

Покрај Хамилтон, во првиот ред ќе биде и возачот на „Ред Бул“ Холанѓанецот Макс Ферстапен, кој беше побавен од Британецот за 0.319 секунди. Германецот Себастијан Фетел од „Ферари“ имаше трето време, а неговиот клупски колега Финецот Кими Рајконен е на петата позиција, додека меѓу нив е уште еден Финец – Валтери Ботас од „Мерцедес“.

Хамилтон седум трки пред крајот има 30 бодови предност пред Фетел. Трката за Големата награда на Сингапур се вози в недела во 14,10 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.