Хамилтон најбрз на квалификациите во Шпанија

105

Британскиот пилот во Формула 1, Луис Хамилтон од тимот на „Мерцедес“ ја избори најдобрата стартна позиција за неделната трга за Големата награда на Шпанија којашто во недела ќе се вози во Барселона.

Второто место во квалификациите го освои Германецот Себастијан Фетел од тимот на „Ферари“, а од вториот ред трката ќе ја започнат Финците Валтери Ботас од „Мерцедес“ и Кими Рајконен од „Ферари“,

Во генералниот пласман води Фетел со 86 бодови, пред Хамилтон со 73 и Ботас со 63 поени.

Стартот на трката во Барселона во недела е планиран за 14 часот по македонско време.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.