Хамилтон најбрз на слободните тренинзи во Сузука

Актуелниот шампион и лидерот во годинешнава сезона на Формула 1,  Луис Хамилтон беше најбрз на двата слободни тренинга одржани денеска на патеката во Сузука. Зад него двата пати беше неговиот тимски колега од „Мерцедес“, Валтери Ботас.

Хамилтон триумфираше во три од последните четири трки за Големата награда на Јапонија.

Британецот за време на првиот тренинг речиси се судри со болидот на „Торо Росо“ возен од Пјер Гасли , па  беше принуден да запре, но сепак брзо реагираше и го заобиколи.

Хамилтон во вкупниот пласман има 50 поени повеќе од Себастијан Фетел од „Ферари“ на само пет трки до крајот на сезоната.

Најбрзи по „Мерцедесите“ на двата тренинзи беа Фетел и неговиот клупски колега, Кими Раиконен, како и по еднаш пилотите на „Ред Бул“ Даниел Рикардо и Марк Верстапен.