Хамилтон: Не барав од пилотите да клекнат

Пилотот на мерцедесот Луис Хамилтон ја коментираше постапката на тркачите во Формула 1, против расизмот, пред стартот на австриското Гран при. Четиринаесет од вкупно дваесетте тркачи клекнаа.

Сите до почетното место дојдоа во маици со натписи „Крај на расизмот“.

– На крајот на краиштата, никој не смее да биде присилен во сценарио во кое треба да клекне. Никогаш не прашав, а помалку барав некој да го стори тоа. Јас сум навистина благодарен на оние што клекнаа со мене. Мислам дека ова е сѐ уште моќна порака, но нема да го промени светот без разлика дали сте клекнале или не. Проблемот е многу поголем – истакна Хамилтон.

Тој е единствениот со темна боја на кожата од сегашните пилоти во Формула 1

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.