Хамилтон од десеттата стартна позиција до победа во Бразил

Актуелниот светски првак во класата Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес победи на трката за Големата награда на Бразил во Сао Паоло, иако поради казната трката ја започна од десеттата страртна позиција.

Хамитлон во трката, во која повеќето возачи имаа четири запирања во боксот, успеа да го престигне главниот конкурент за титулата Холаншанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, кој на старто му ја зема водечката позиција на Финецот Валтери Ботас од Мерцедес. Тоа беше на крајот и конечниот распоред на победничкиот пиедестал.

Со шестата победа сезонава а вкупно 101-ва во кариерата, Хамилтон го намали заостанувањето зад Верстапен на 14 бодови. Холанѓанецот има 332,5 а Британецот 318,5 бодови во во генералниот пласман.

До крајот на трката останаа уште три трки, а следната е веќе следната седмица во Катар.